ДЕЈНОСТ
Adora Facility Management дооел Скопје е основана во 2018 година, со цел да понуди современ концепт на управување, тековно одржување, заштита и зголемување на вредноста на недвижностите во Република Македонија. Иницијативата потекна од потребата за адекватно одржување и управување со ултра модерните, висококвалитетни бренд објекти за домување и бизнис Адора Flatiron и Адора Diamond Garden во Скопје.
Услугите за управување и тековно одржување на станбените и деловни згради ги нудиме согласно позитивните законски прописи и искуствата во оваа дејност во развиените држави, преку професионален однос, одговорност и респект кон партнерите и клиентите, кои ни го доверуваат на управување и одржување својот недвижен имот.
Adora Facility Management поседува пет ( 5 ) годишна лиценца за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради, доделена од страна на Регулаторната комисија за домување на Република Македонија на 21-ви ноемрви 2018-та година.
Наш приоритет е да обезбедиме квалитетни услуги со примена на најновите технологии, со постојано иновирање и унапредување на работата, промовирајќи ги принципите на коректност, заштита на животната средина и енергетска ефикасност, пред клиентите, партнерите, институциите и државата, со што сакаме да дадеме придонес во развојот на станбениот фонд во Република Македонија.
МИСИЈА
Нудиме високопрофесионални и ефикасни услуги за тековно одржување на квалитетот и се грижиме за зголемуваме на вредноста на недвижниот имот на нашите клиенти. Перманентно ја унапредуваме работата со иновации и сакаме да дадеме придонес во развојот на станбениот фонд во Р. Македонија.
Искусниот тим составен од потврдени стручњаци, нуди навремени и висококвалитетни услуги од областа на чистењето и одржувањето хигиена во Вашиот станбен и деловен објект, организирањето на домарска служба, тековното техничко одржување, инвестициското одржување и управувањето со Вашиот имот и недвижности.
Компанијата работи според современите стандарди за квалитетни услуги, највисоките еколошки стандарди и иновации во областа на тековното одржување, користејќи опрема и средства од реномирани производители, со цел на клиентите да им понуди чист и удобен станбен и деловен простор за пријатен престој, со комфор од сите аспекти и зголемена вредност на пазарот на недвижности.
Нудиме експресно брзи, професионални и пред се квалитетни услуги, според желбите и потребите на клиентите, станбени и деловни објекти во Република Македонија, на кои им даваме гаранција за извршената услуга.
ВИЗИЈА
Наша цел е да бидеме најдобар партнер на сопствениците на недвижности и со квалитетна и навремена услуга и грижа за доверениот имот, да ја оправдаме дадената доверба. Во иднина се гледаме како водечка компанија во сегментот на управување и одржување на станбено-деловниот простор во Р. Македонија.
Компанијата е одговорна за трајно задржување на првобитната состојба, квалитетот и комфорот на станбениот и деловен простор на клиентите, за сочувување и надградување на современиот концепт дека живеалиштето и деловниот простор почнуваат од сопствениот праг, до надворешноста на објектот, со обезбедување услови за чувство на припадност на домот и деловниот простор во сите естетски, функционални и квалитетни аспекти низ целата недвижност.
Изборот на нашата компанија од страна на клиентите претставува обврска да ја оправдаме довербата, а препораката на нови клиенти, за нас е дополнителен мотив за иднината со приоритет да понудиме уште поголем асортиман и повисок квалитет на услуги за тековното одржување на станбените и деловни згради.
Сочувување и зголемувањето на вредноста, квалитетот и цената на недвижниот имот на нашите клеинти е во фокусот на нашата работа, кон што се стремиме и ќе се усовршуваме во иднина, преку збогатување на лепезата и проширување на пазарот на нашите услуги.