Маркантен станбено-деловен објект на ул. „Борис Трајковски“ бр. 1 во Скопје, кај Стара Рампа, на границата на Општина Кисела Вода и Општина Центар. Со препознатливата архитектура, уникатниот стил и дизајн, високиот квалитет, најнови технологии, стандарди и иновации, овој комплекс е нов препознатлив урбан симбол во централното подрачје на главниот град на Македонија.
Објектот со висина од 58 метри, има 280 ултра модерни станови на 16 катови, 29 екслузивни деловни простории на приземје, премиум класа Бизнис центар во мезанинот и 394 модерни паркиралишта на три подземни нивоа и партер. Околу зградата има партерно уредување со клупи за одмор и други содржини, а во ентериерот на објектот, импозантен атриум-средишен внатрешен двор со софистициран дизајн на заедничкиот простор за дружење и одмор на станарите, три влеза во станбениот дел со 6 лифтови и посебен влез со лифт во деловниот центар.
Овој станбено-деловен комплекс е последен збор на квалитетното, иновативно домување со стил што претставува ексклузивност на пазарот на недвижности во Македонија.