ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ
Во извршување на нашите професионални услуги во доменот на управувањето и хигиено-техничкото одржување на доверените недвижности ( станбени и деловни згради ), се обврзавме дека одговорно и совесно ќе управуваме со опремата, материјалните и човечките ресурси, реализирајќи ги нашите работни процеси во согласност со современите стандарди и трендови за квалитетно домување.
Во извршување на работата, Adora Facility Management се придржува на Законот за домување и другите позитивните законски прописи во Република Македонија и на етичките норми, користејќи најнови светски технологии, иновации, искуства, знаења, најмодерна опрема, материјали и средства за работа во областа на квалитетното домување.
Нашата политика на квалитет е насочена кон професионално и домаќинско работење, кое резултира не само со подобрување на квалитетот на животот во зградите со кои управуваме и ги одржуваме, туку и со зголемување на пазарната вредност на Вашата недвижност.
Принципи на квалитет:
- Задоволни клиенти и партнери, од добиените услуги
- Постојано унапредување на квалитетот на услугите
- Прилагодување кон пазарот
- Идентификација и отстранување на недостатоците кои можат да предизвикаат незадоволство и несакани ефекти кај клиентите, партнерите, животната средина
- Континуирана едукација, обуки и усовршување на вработените за стручно, професионално и квалитетно спроведување на преземените обврски кон клиентите, партнерите и животната средина
- Задоволство кај нашите вработени, што овозможува спроведување на овие политики
- Корпоративна општествена одговорност со грижа за заедницата и општеството