СПАЈДЕРИ ГИ ИСЧИСТИЈА НЕПРИСТАПНИТЕ ВИСОКИ ПРОЗОРИ НА КЛУНОТ НА АДОРА FLATIRON

Во рамките на тековното одржување на репрезентативниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје од страна на Adora Facility Management, реализирано е успешно чистење на прозорите на клунот, со ангажирање на  спајдери -  специјализирани лица за чистење на стаклени површини на тешко достапни места и големи височини. 
Чистењето на високите стаклени површини на објектот се врши периодично, со цел континуирано да се одржува хигиената на непристапните прозори кои на македонскиот Flatiron се издигнуваат до 60 метри височина. 
Спајдерите убаво ја светнаа целата вертикална висина на стаклениот клун на Flatiron на страната свртена кон строгиот центар на метрополата. Грандиозниот објект Flatiron by Adora е нов урбан симбол кој стави препознатлив печат и ја редефинира сликата на современо Скопје.