СЕРВИСИРАНА ПРОТИВПОЖАРНАТА ОПРЕМА ВО FLATIRON И DIAMOND GARDEN

Во рамките на редовните активности за тековно одржување, Adora Facility Management реализира комплетен годишен сервис на противпожарната опрема во двата станбено – деловни објекти Адора Flatiron и Адора Diamond Garden. Сервисирањето на ПП уредите, средствата и опремата за гаснење пожари е извршено од страна на овластена сервисна служба и важи за целата наредна година. Со оваа пропишана мерка се врши контрола и сервис, со цел да се овозможи непречена функционалност на задолжителната противпожарна опрема и уредите, распоредени во заедничките простории на станбено-деловните објекти, наменети за гаснење на евентуални пожари и за безбедност на станарите.