Adora Facility Management во рамките на редовните активности за тековно одржување, деновиве изврши комплетна контрола на целосното заедничко осветлување во резиденцијалниот објект Адора Flatiron во централното градско подрачје на Скопје. Притоа, со нови, заменети се сите оштетени, нефункционални светилки во канделабрите на надворешниот партер на комплексот, во централното фоаје – атриумот и во трите влеза на станбениот објект. Целта на оваа активност е перманентно да се одржува во непречена функционалност осветлувањето на заедничките делови на овој репрезентативен објект, кој е нов препознатлив урбан симбол на метрополата.
Во организација на Adora Facility Management во тек е и сервисирање на противпожарната опрема во двата објекти Адора Flatiron и Адора Diamond Garden, каде наскоро ќе биде спроведено и чистење на надворешните, недостапни стаклени површини на становите, со специјализирани лица – спајдермени.