Интензивна дезинфекција на заедничките простории во објектите Адора Flatiron и Адора Diamond Garden, денес изврши Адора Facility Management, во насока на превенција и заштита на јавното здравје, здравјето на станарите и на посетителите, согласно владините мерки и препораки за борба против пандемијата на корона вирусот.
Овластени лица со употреба на адекватни препарати и опрема, извршија дезинфекција на влезовите и холовите во двата објекти, при што темелно се дезинфицирани шесте лифтови во Flatiron, четирите лифови во Diamond Garden, металните површини, кваки на вратите на становите, металните табли и копчиња во лифтовите.
Дезинфекцијата на објектите Адора Flatiron и Адора Diamond Garden, Адора Facility Management ја спроведе со цел да придонесе за спречување на ширењето, превенирање и заштита на здравјето на граѓаните, станарите во двата објекти и заштита на јавното здравје во време на глобалната криза со вирусот Covid-19.