ADORA FACILITY ВРАБОТУВА ДЕВОЈКИ / МОМЧИЊА КАКО ДОМАРИ ВО ОБЈЕКТИТЕ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО СКОПЈЕ

Adora Facility Management има потреба од професионално ангажирање на девојки / момчиња на работната позиција домар во новите станбени објекти на градежниот бренд Адора инженеринг во Скопје.

Кандидатите за ова работно место треба да имаат завршено минимум средно образование, да имаат претходно работно искуство, основни познавања од работа со компјутери, англиски јазик и работа со надзорни системи. Домаќинките / домаќините ќе се грижат и ќе ги координираат работите околу тековното одржување на станбените објекти, за што треба да поседуваат организациски способности, културни манири во однесувањето, да се комуникативни, флексибилни и услужливи со станарите и посетителите, во доменот на нивните овластувања.  
Заинтересираните кандидати за работната позиција домар / домаќин / домаќинка, треба да достават кратка биографија (CV) со фотографија, по меил пошта на: contact@adorafacility.mk  За повеќе информации, заинтересираните може да се јават на тел: 078 397 684, а со кандидатите ќе биде реализирано интервју 
Искористете ја можноста за успешна професионална кариера во 2020-та година во најрепрезентативните станбени објекти во Македонија.