Новата, лиценцирана компанија за управување и тековно одржување на станбени згради, Adora Facilitu Management, официјално започна со работа на почетокот на годината, на 1-ви јануари 2019-та.
Овој деловен субјект нуди високопрофесионални и ефикасни услуги за тековно одржување и се грижи за зголемуваме на вредноста на недвижниот имот на своите клиенти, засега сопствениците на станови и деловни простории во новиот модерен објект Адора Flatiron во централното подрачје на Скопје.
Целта на Adora Facility Management е да биде најдобар партнер на сопствениците на недвижности и со квалитетна и навремена услуга да се грижи за одржување на квалитетот, односно трајната вредност на доверениот имот и преку перманентно унапредување на работата со иновации да даде придонес во развојот на станбениот фонд во Република Македонија.
Adora Facilitu Management, со чија дејност, услуги и актуелни информации, заинтересираните и клиентите може да се запознаат на новата веб страна www.adorafacility.mk , со фактурирање на своите услуги за сопствениците на станови и деловни простории во објектот Адора Flatiron, започнува од почетокот на тековната 2019-та година.