ADORA FACILITY MANAGEMENT СЕ ГРИЖИ ЗА ТЕКОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА СТАНБЕН ОБЈЕКТ „ЦРКВА 3“

Adora Facility Management, лиценцирана компанија за управување со станбени згради, е станбен управител кој се грижи за тековното одржување на „ЦРКВА 3 “, најновиот станбен објект изграден од градежниот бренд Адора инженеринг на ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 26, на почетокот на општина Аеродром, Скопје.   


Преку високопрофесионални и навремени услуги за управување и тековно одржување, како најдобар партнер на сопствениците на станови во објектот за домување “ЦРКВА 3“, Adora Facility Management континуирано се грижи за одржување на квалитетот и за зголемување на вредноста на недвижниот имот на своите клиенти. Целта е на сопствениците и корисниците на станови во модерниот, енергетски ефикасен, докажано стабилен и комфорен станбен објект „ЦРКВА 3“, да им обезбеди трајна вредност на нивните недвижности и непречено долгорочно користење на сите удобности и придобивки од сигурното, пријатно, здраво, економично и хумано домување, во внатрешноста и надворешниот дел од зградата. Со тековното одржување и сервисирање се опфатени лифтовите и ППЗ опремата, хигиената на заедничките простории во внатрешноста на двата влеза и надворешноста на објектот, подземните паркиралишта и надворешното партер уредување околу објектот. Посебен предизвик е чистењето, негувањето и одржувањето на хортикултурно уредениот и урбано опремен парк околу зградата, кој претставува пријатна урбана зелена оаза за релаксација, одмори другарување на станарите во „ЦРКВА 3“.

Унапредувајќи го работењето со примена на современи методи и нови стандарди за континуирано и периодично адекватно и квалитетно тековно одржување од страна на специјализирани лица, Adora Facility се труди да ја оправда довербата со континуирана грижа за имотот доверен од сопствениците на недвижности, а со тоа да придонесе и за развој на станбениот фонд во нашата држава. 


Adora Facility Management со фактурирање на услугитe за сопствениците на станови во објектот „ЦРКВА 3“, ќе започне во текот на јануари 2020 година, со доставување на сметки за тековното одржување во декември 2019 година.


Клиентите и сите заинтересирани, со дејноста, услугите и актуелните информации за деловниот субјект Adora Facility Management , може да се запознаат на веб страната www.adorafacility.mk .