ИСКЛУЧЕНО МАРКАНТНОТО НАДВОРЕШНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА АДОРА FLATIRON ПОРАДИ ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

Во време на енергетска криза, со цел да дадеме придонес во нејзиното ублажување, исклучено е надворешното осветлување на маркантниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, новиот урбан белег кој од 2018-та година  го краси централното подрачје на македонската матропола, каде особено блескаше во ноќните часови. 
За временото исклучување на надворешната илуминација на комплексот Адора Flatiron, од компанијата Adora Facility Management велат дека единствената причина е да се намалат трошоците за електрична енергија, согласно новонастанатата ситуација со енергетската криза во Македонија и на глобално ниво, за чие надминување секоја мерка е добредојдена.