ЦРКВА 3

Современ енергетски објект за домување во комплексот со осум згради на Адора инженеринг, на почеток на општина Аеродром, на ул.„Методија Шаторов Шарло“  бр. 26. Станбениот објект, изграден по современите трендови, името го доби поради непосредната близина н православниот храм Свети Илија. Лоциран во развиената, модерна општина Аеродром, во близина на меѓународната автобуска и железничка станица во Скопје, на само десет минути пеш од централниот плоштад на главниот град, објектот „ЦРКВА 3“ е посакувано место за висококвалитетно урбано домување, по европските стандарди.

Објектот е на десет ката, со два влеза и вкупна развиена нето површина од 11 илјади m², со 174 функционални домови и над 150 сопствени паркиралишта,  распоредени на две подземни нивоа и околу објектот. Благодарение на одличната термичка и звучна изолација, специјално креираниот преграден сендвич ѕид и енергетската ефикасност А класа, обејктот нуди комплетен комфор од сите аспекти, стабилно, здраво и економично домување, со намалени трошоци и заштита од еко и звучно загадување.

Посебна атрактивност на „ЦРКВА 3“ е големиот, хортикултурно оплеменет парк пред објектот, озеленет со стотина дрвја, јавори, туи, егзотичен индиски јасмин и декоративно зеленило, уреден со урбана опрема, канделабри и клупи за одмор. Оваа урбана оаза, пријатно катче за релаксација на станарите, е во духот на 18 годишната традиција на Адора инженеринг за озеленување на околината на сите станбени објекти, со потпис на овoј градежен бренд.