ПОВТОРНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ОБЈЕКТИТЕ АДОРА FLATIRON И DIAMOND GARDEN ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ

Денеска е извршена интензивна дезинфекција на заедничките простории на станбено-деловните објекти Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden од страна на овластени лица со адекватна опрема и препарати, во организација на Адора Facility Management, согласно мерките и препораките за борба против пандемија на корона вирусот и заштита на јавното здравје.   
Со темелната дезинфицирање комплетно се опфатени сите заднички простории во двата објекти: влезовите, холовите, фоајеата, коридорите, вратите, катчињата за дружење, забава и рекреацијана станарите и посетителите, лифтовите, како и металните површини, кваки и табли на вратите, држачи и копчиња во лифтовите и друго. 
Повторната интензивна дезинфекција на заедничките простории во двата објекти Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden, Адора Facility Management ја спроведе со цел да придонесе за заштита на јавното здравје, здравјето на станарите и на посетителите, во насока на превенција и спречување на ширењето на вирусот Covid – 19.