ОБНОВЕНО ЗЕЛЕНИЛОТО ВО АТРИУМОТ И ФОАЈЕТО НА ОБЈЕКТОТ АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

Станбениот управител Adora Facility Management го обнови оштетеното зеленило во заедничкиот внатрешен двор-атриумот и фоајето на репрезентативниот комплекс Адора Flatiron Скопје. На местото на старите бонаси дрвца во централниот дел за одмор во атриумот, ставени се различни презервирани растенија од природно потекло, со живописен црвен колорит, со голема трајност. На различни места во влезното фоаје на овој репрезентативен комплекс, поставени се украсни презервирани растенија од природно потекло во црвена и зелена боја. Целта на оваа активност во рамките на тековното одржување на објектот е да се оплемени неговата внатрешност и станарите во трите влеза да имаат пријатен амбиент во заедничките простории, движејќи се кон својот дом и излегувајќи надвор. Со оглед дека се работи за презервирани растенија од природно потекло, важно напомена е тие да не се допираат, кинат или вадат од страна на станарите и посетителите на објектот, со што подолго ќе траат во сегашната форма. 
На фотографиите се гледа поранешната и сегашната состојба со зеленилото во внатрешниотзаеднички просторна објектот Адора Flatiron, кој со својата убавина, атрактивност, стил и дизајн, стави нов, впечатлив белег на модерно Скопје во централната урбана зона на метрополата.